Памела Андерсон повеќе од една година не може да го посети Асанж

Памела Андерстон позната како поранешната актерка од серијата „Чувари на плажата“, напишала на „Твитер“ дека и било забрането веќе повеќе од една година да го посетува нејзиниот пријател Џулијан Асанж кој се наоѓа во амбасадата на Еквадор во Британија.

Памела и Асанж веќе неколку години често беа поврзаувани во медиумите, а некои пишуваа дека основачот на „Викиликс“ е во тајна врска со поранешната плејбој зајчица.

Памела беше дел од посетите на Асанж во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде тој доби заштита и азил, но веќе извесен период, таа се пожали дека и биле забранети посетите. Таа признала дека и недостига неговиот глас, насмевка и детска љубопитност.

„Тој е единствен, силен и посветен човек. Ти благодарам за твојата жртва. Знам дека си добро и дека ќе те видам повторно“, напишала Андерсон на Твитер.

Памела упатила апел до сите славни и јавни личности да се обидат да покренат иницијатива за да му помогнат на Асанж. Памела во моментов е во врска со фудбалерот Адил Рами, кој е 18 години помлад од неа.

Текстот Памела Андерсон повеќе од една година не може да го посети Асанж е превземен од Reporter.mk.