Памела го бодреше Рами од трибините на мечот со Белгија

Иако актерката Памела Андерсон (51) не зборувала премногу често за своето момче, францускиот фудбалер Адил Рами (32), таа синоќа навивала за него на стадионот во Санкт Петербург, каде играше против Белгија на Светското првенство.

Андерсон на трибините била со нејзина пријателка со која внимателно го следеле мечот, а нејзиното воодушевување не можела да го сокрие во 51 минута, кога Самуел Умтити го постинга победничкиот гол, кој Французите ги однесе во финалето, каде ќе играат со победникот од вечерниот меч меѓу Англија или Хрватска

Андерсон се почесто се наоѓа на трибите на мечевите кои ги игра Адил, а се зборува и дека ќе присуствува на големото финале.

„Фантастичен е. Го сакам и го сакам тоа што тој ужива во испробувањето на нови работи“, изјавила таа и додала дека не и е проблем да облече нешто што и се допаѓа на нејзиниот фудбалер.

„Не би требала да зборувам за сексот, знам. Но, што да правам кога сум таква, немам кочници“, вели Памела. Таа неодамна гостувала во шоуто „Life Stories“, каде водителот Пирс Морган (53) открила некои детали од поранешните врски.