Пејачот Ар Кели во затвор за сексуална злоупотреба

Пејачот Ар Кели е обвинет за сексуална злоупотреба на жени и тинејџерки. Полицијата издала налог за негово апсење, објавија американските медиуми. Обвинението против него има 10 точки за тешки криминални сексуални малтретирања, особено врз деца. Аренби пејачот, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, никогаш не бил осуден и ги отфрлил сите обвинувања.

Според американските медиуми, има четири наводни жртви што го обвиниле Кели, а кои биле на возраст од 13 до 16 години во времето кога пријавиле напад од страна на пејачот. Нападите се случиле помеѓу 1998 и 2010 година.

Во 2017 година Кели ги негираше тврдењата дека некого злоставувал и дека држи голем број млади жени во сексуален култ.

52-годишниот пејач треба да се појави пред судот во Чикаго на 8 март. Во меѓувреме неговиот адвокат изјавил дека ќе се обиде да ги убеди властите да не го уапсат.

Текстот Пејачот Ар Кели во затвор за сексуална злоупотреба е превземен од Reporter.mk.