Пејачот на „Рамштајн“ му скрши вилица на обожавател

Пејачот на „Рамштајн“, Тил Лилдман, му скршил вилицата на негов обожавател, пишува „Билд“. Инцидентот се случил во хотелски бар во Минхен, каде што пејачот се опуштал со пријатели по концертот. Фанот му пришол на Линдеман и побарал да се слика со него, но тој одбил, па човекот почна да ја навредува девојката на музичарот, Лана.

Линдман, според „Билд“, побарал од обожавателот да ѝ се извини на жената, но тој одбил. Тогаш пејачот го удрил мажот во лицето и му ја скршил вилицата. Откако паднал на подот, реагирало хотелското обезбедување, а повикале и полиција.

Според германскиот весник, обожавателот најверојатно ќе го тужи Линдеман за физички напад.

Текстот Пејачот на „Рамштајн“ му скрши вилица на обожавател е превземен од Reporter.mk.