Пејачот на „Рамштајн“ на интензивна нега, има коронавирус

Тил Линдмен, пејачот на германската рок-група „Рамштајн“ е во болница во Берлин, во одделот за интензивна нега поради инфекција со коронавирус. Линдмен бил во животна опасност, но сега повторно е добро, пишува „Билд“.

По концертот во Русија, Линдман се вратил во Берлин каде што добил треска. Брзата помош го однела на клиника каде што го тестирале и откриле дека е позитивен на ковид-19. Пејачот на популарниот бен имал и пневмонија, па оттаму и компликациите и влошената здравствена состојба.

Текстот Пејачот на „Рамштајн“ на интензивна нега, има коронавирус е превземен од Reporter.mk.