Перо Камиказа: Со „Трст виа Скопје“ Ванчо докажа дека е еден од најголемите глумци

Петар Георгиевски – Камиказа, еден од членовите на групата „Меморија“, се потсети на времето кога и самиот беше актер, а со починатиот глумец Ванчо Петрушевски глумеше во култната серија „Трст виа Скопје“. Тој со емотивна порака се наврати на снимањето на серијата, а Петрушевски го нарече еден од најголемите македонски глумци.

„На сцената на Драмски театар заедно со многу колеги достоинствено те испративме. Јас, во името на твојата бесмртност како актер, можам да кажам дека ми беше чест и задоволство да играм со тебе во серијата ‘Трст виа Скопје’. Токму ова парче направи да докажеш дека си еден од најголемите и најдобри глумци што живееле на овие простори. Не дека си немал и други брилијантни улоги, но ова парче ти е маестрално. Почивај во мир колега“, стои во статусот на Камиказа.

Георгиевски сподели и исечок од серијата „Трст виа Скопје“. „Ако имате време, погледнете ја сценава каде Ванчо Петрушевски брилјира“, им порача тој на пријателите.

Gepostet von Petar Georgievski – Kamikaza am Montag, 27. August 2018

Текстот Перо Камиказа: Со „Трст виа Скопје“ Ванчо докажа дека е еден од најголемите глумци е превземен од Reporter.mk.