Петчасовен концерт со најголемите домашни музички ѕвезди

Музички фестивал „Мозаик“, кој годинава ќе се одржи првпат, е замислен како концертна турнеја на најголемите домашни музички ѕвезди. Фестивалот ќе се одржи во Скопје, Куманово и Прилеп. На концертите, што ќе траат по пет часа, првпат на истата сцена ќе настапат Владо Јаневски, Влатко Стефановски, Елита Пет, Слаткаристика, Нокаут, Џамбо Агушеви Оркестар, Дани Димитровска, Ферус Мустафов, Туна, Рок симфони и Сам.

Концертот во Скопје е закажан за 28 февруари во А1 Арена „Борис Трајковски“, во Прилеп ќе се пее на 14 март во Центар за култура „Марко Цепенков“, а последниот концерт ќе се одржи во Куманово на 21 март во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Влезници, кои чинат 100 и 200 денари, се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК тикетс.

 

Текстот Петчасовен концерт со најголемите домашни музички ѕвезди е превземен од Reporter.mk.