„Пинкови ѕвездички“ ја вратија Беквалац во младоста

Наташа Беквалц вели дека преку музичкото натпреварување „Пинкови ѕвездички“, таа се вратила во детството. Српската пејачка стана нов член во жирито шоуто, откако дојде на местото на нејзината колешка Јелена Томашевиќ.

Беквалац вели дека добила совет и од Јелена за тоа како да постапува како член на жирито и дека знае како да донесува одлуки што се однесува до натпреварувачите.

„Шоуто ме врати во детството. Познато ми е тоа што ме повредуваше кога јас бев мала во однос на оние луѓе кои одлучуваа дали сум добра или не. Сега се трудам таквите грешки да не ги повторувам кога сум во нивна улога“, вели Наташа.

Беквалац откри и што мисли за пејачката Кристина Кија Коцкар нејзината колешка во жирито.

„Успешно си молчам затоа што немам никакви предрасуди. Целосно сум отворена за секој кој направил успех од една или друга причина. Секој успех има оправдување, ништо не е случајно“, вели Наташа.

 

 

 

Текстот „Пинкови ѕвездички“ ја вратија Беквалац во младоста е превземен од Reporter.mk.