„Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“

Кога пред две години Елена Миленовска и Александар Гуте Маринковиќ се пријавија во „Ѕвездите на Гранд“, не помислуваа дека во шоуто ќе им се случи љубов. Тоа што почна како пријателство „за заедно да вежбаат за  натпреварот“, по шест месеци прерасна во врска како од филмовите, ни раскажаа тие. „Отсекогаш сум верувал во сродни души. Кога знаеш дека нешто е судбина, не можеш да избегаш од тоа“, ни рече Гуте. Тој не крие колку е заљубен во македонската пејачка. Вели, уште кога првпат ја видел, знаел дека таа е вистинската за него. Па, по три месеци врска, ја побара за жена.

„Се надевав дека еден ден ќе ме запроси, иако не мислев дека тоа ќе биде толку брзо. Ми подготви изненадување за роденденот, видео порака што ја снимил со неколку наши пријатели од ‘Гранд’. Неколку месеци потоа дознавме дека ќе имаме бебе. Кога видовме дека тестот е позитивен прво долго лежевме во кревет и само гледавме во таванот. Дури потоа вистински се израдувавме“, раскажа Елена, која е во седмиот месец од бременоста.

Таа и годинава се пријави во популарното шоу и го помина првиот круг, но кога дозна дека ќе стане мајка, се откажа од натпреварувањето. Александар, пак, лани стигна до полуфиналето на „Гранд“. Тој има своја приказна за тоа како е да се работи со Ана Бекута, која лани им беше ментор на двајцата, ама и каква е Карлеуша кога ќе се изгасат камерите. Ни раскажа и од каде му е прекарот Гуте.

Освен на музиката, двајцата во моментов се најпосветени на бебето што треба да се роди. Со интересна фотосесија открија дека ќе добијат син. „Чекаме уште еден Гуте“, велат тие. За тоа како реагирале нивните родители кога дознале дека Елена и Гуте сакаат да се венчаат по само три месеци врска, за двете свадби, едната во Србија, другата во Македонија, за омилените македонски песни што Александар ги пеел на свадбата, но и за романтичното запросување, гледајте го интервјуто.

Андријана Јовановска

Текстот „Плачевме кога ја побарав за жена“, љубовната приказна на Елена и Гуте од „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.