Пласибо го откажа скопскиот концерт и цела турнеја

 

Откажан е концертот на британскиот рок бенд „Пласибо“, кој требаше да се одржи на 25 јуни на стадионот на АРМ во Скопје, соопшти „Авалон продукција“. Освен копскиот концерт, откажана и цела турнеја за 2020.

„Како и со сите турнеи,  доесга, така и за оваа се работи на датуми и на нова турнеја за 2021. Повеќе за тоа ќе се знае во средина на септември. Сите оние кои не можат и не сакаат да чекаат ќе можат да си ги добијат парите назад од идната среда“, вели Бобан Милошевски од  „Авалон“.

 

Текстот Пласибо го откажа скопскиот концерт и цела турнеја е превземен од Reporter.mk.