По две децении прв концерт на Камелеон во Охрид

Македонската музичка група Камелеон на 29 декември со концерт ќе прослават две децении постоење.

Концертот ќе се одржи во Домот на култура „Григор Прличев“ во Охрид со почеток од 19 часот.

Билетите по цена од 250 денари можат да се набават низ маркетите во Охрид и Струга.

„Кариерата која трае полни две децении сакаме да ја заокружиме со концерт, за жал прв ваков во нашата кариера, и за кој гарантираме добра забава и на кој ќе го дадеме нашиот максимум“, порача на прес конференција Драган Василески, вокалист на познатата охридска група Камелеон.

 

Текстот По две децении прв концерт на Камелеон во Охрид е превземен од Reporter.mk.