По сообраќајката Дарко Лазиќ си купи скап мерцедес

Откако лани имаше тешка сообраќајна несреќа што едвај ја преживеа, пејачот Дарко Лазиќ реши повторно да вози. Тој на „Инстаграм“ се пофали дека купил нов автомобил, од марката „мерцедес“. Според српските медиуми, колата чини повеќе од 100.000 евра. Покрај сликата од ентериерот на колата, Лазиќ наместо коментар стави знакче во вид на ѓавол. Пријателите ем му честитаа за новата кола, ем му порачаа да вози внимателно.

Текстот По сообраќајката Дарко Лазиќ си купи скап мерцедес е превземен од Reporter.mk.