По затворањето на Боки 13, Драган Вучиќ си оди од „1ТВ“

Познатиот музичар и водител Драган Вучиќ си оди од „1 ТВ“, каде до скоро беше домаќин на емисијата „Возење со Вучиќ“. Драган се сели во Телма, каде од октомври ја почнува својата новата емсија  „Гурмански муабети“. Станува збор за ТВ-шоу во кое ќе готват познатите личности од поранешна Југославија, кои заедно со готвачи ќе ги подготвуват нивните омилени јадења. Емисијата ќе се снима во Белград, Загреб и во Сплит. Веста ни ја потврдија и од Телма телевизија.

Лани на голема врата на „1 ТВ“, Бојан Јовановски ја најави емисијата на Драган Вучиќ, па дури и со билборди низ градот, каде Драган облечен како таксист, ветуваше одлична сезона на новото шоу„Возње со Вучиќ“.

Текстот По затворањето на Боки 13, Драган Вучиќ си оди од „1ТВ“ е превземен од Reporter.mk.