Победничката на „Задруга“ е нова пејачка во „Министарке“

Кија Коцкар, победничката на првата сезона на реалното шоу „Задруга“, потпиша договор со групата „Министарке“, од каде што неодамна си отиде Едита Арадиновиќ.

„Точно е, снимавме песна што ќе излезе за десетина дена. Кристина е супер девојка, има одлична енергија и се надевам дека на публиката ќе ѝ се допадне тоа што го направивме“, рекол еден од основачите на групата, Филип Милетиќ.

Тој додал дека засега не разговараат за тоа дали Кија ќе тргне на турнеја со „Министарке“, но за српските медиуми рекол дека се среќни што нашле нова пејачка.