Почина актерот Марко Николиќ, познатиот Гига од „Подобар живот“

Српскиот актер Марко Николиќ почина вечера на 73. година од животот. Информацијата ја потврдила и неговата ќерка Мина на социјалните мрежи.

Марко Николиќ е роден на 20 октомври 1946 године во Кралево. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Член е на “Народното позориште“ од 1970 година.

Играл во театар, филм и во многу серии на телевизија. Беше миленик на југословенската публика со серијата „Подобар живот“ (Бољи живот) која се прикажуваше од 1987до 1990, како и со улогоата на Караѓорѓе,  во неколку ТВ драми и во серијата Вук Караџиќ.

Текстот Почина актерот Марко Николиќ, познатиот Гига од „Подобар живот“ е превземен од Reporter.mk.