Почина Џон Весли, актерот од серијата „Принцот од Бел Ер“

Џон Весли, познат по улогата на лекарот Хувер во серијата „Принцот од Бел Ер“, почина на 73. годишна возраст. Џон глумеше со многу ѕвезди како што се Дензел Вашингтон и Морган Фриман.

Иако улогата на лекар во хумористичната серија „Принцот од Бел Ер“ му беше најпозната, пред неа тој снимил стотина филмови и серии. Тажната вест ја потврдија неговото семејство.

„Џон беше дар за целиот свет. Неговата љубезност и грациозност се овековечени во работите од театрите, телевизиите и филмовите. Срцето ми е скршено. Изгубив голем пријател денес“, изјавил неговиот менаџер и продуцент Гери Пас.

Глумата не му била прв избор на Весли. Тој беше дел од американската војска и учествуваше во војната во Виетнам.

Текстот Почина Џон Весли, актерот од серијата „Принцот од Бел Ер“ е превземен од Reporter.mk.