Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет

Почина доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин по долго боледување. Имаше 75 години. Екрем Хусеин беше еден од омилените уметници во Македонската опера и балет (МОБ). Тој беше активен во балетскиот ансамбл до пред 4 години.

Роден е на 6 март 1943. Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера. Истата година ја доби наградата Менада на „Танц фест Скопје“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Хусеин ќе биде погребан денеска, а поради годишните одмори, комеморацијата во МОБ ќе одржи следната недела.

Текстот Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет е превземен од Reporter.mk.