Почина глумец за време на снимањето на реално шоу

Тајванскиот модел и глумец Годфри Гао почина од срцев удар среде снимањето на реалното шоу„Chase me“ во Кина.  Како што пренесуваат тамошните медиуми, 35-годишниот глумец паднал додека трчал. Веднаш бил пренесен во болница, каде лекарите го прогласиле за мртов, пренесува Си-Ен-Ен.

„Трчаше и само падна. На сетот дојде итна помош која веднаш започна да го реанимира и го префрли во болница, изјавија од продуцентската куќа која го снима реалното шоу.

„За жал по два часа обидување не успеаа да го вратат во живот“, изјавиле продуцентите.

Во шоуто натпреварувачите мораат да имаат исклучителна физичка подготвеност со цел да им одговорат на сите предизвици во реалното шоу. Гао беше првиот азиски модел на луксузниот бренд Луј Витон.

Има глумено во бројни телевизиски драми и филмови, вклучувајќи ја и улогата во холивудскиот филм „The Mortal Instruments: City of Bones “.

Текстот Почина глумец за време на снимањето на реално шоу е превземен од Reporter.mk.