Почина легендарниот кантри пејач и глумец Кени Роџерс

Кени Роџерс, легендарниот американски кантри пејач почина на 82. години.

„Пејачот почина од природна смрт мирно во својот дом. Беше опкружен од своето семејство“, се наведува во соопштението објавено на официјалната веб-страница на Роџерс.

Роџерс трипати во кариерата беше наградуван со признанието „Греми“ ѝ е член на „Куќата на славните кантри музичари“. Светската слава ја стекна со хитовите како Тhe Gambler, Lady и особено со дуетот од 1983 година со Доли Партон, Islands in the Stream.

Исто така, Роџерс кој ги уживаше титулите супер-стар и икона на кантри музиката во 1970 и 1980-те години се појавуваше и како актер во телевизиски филмови, а е автор и на неколку книги.

Текстот Почина легендарниот кантри пејач и глумец Кени Роџерс е превземен од Reporter.mk.