Почина поранешниот американски претседател Џорџ Х. Буш

Синоќа, на возраст од 94 години, во неговиот дом во Хјустон, Тексас, почина поранешниот претседател на Америка, Џорџ Хербер Вокер Буш. Тој беше 41. претседател на државата, а претседателствуваше од 1989 до 1993 година. Веста за смртта на ја Џорџ Буш ја соопшти неговиот син, Џорџ Буш помладиот, кој беше 43 претседател на САД.

„Џеб, Нил, Марвин, Доро и јас во тага објавиме дека по 94 извонредни години, нашиот драг татко почина. Џорџ Х. Буш беше човек со висок карактер и најдобриот татко што би можел да го посака еден син или ќерка“, рече Буш помладиот.

Џорџ Буш и Џорџ Буш помладиот

Џорџ Буш е син на сенатор и татко на претседател. Неговото политичко резиме го нарекуваат „злчатно“: тој бил конгресмен, американски амбасадор, претседател на Републиканската парија, директор на ЦИА и осум години бил потпретседател на Америка, додека на чело на државата бил Роналд Реган.

Со Роналд Реган, во моментот кога беше предложен за републикански кандидат за претседател на Америка

Поранешниот претседател почина осум месеци по смртта на неговата сопруга, Барбара, која почина во април годинава. Двојката беше во брак 73 години.

Со сопругата Барбара

Буш боледуваше од Паркинсонова болест поради која беше принуден да користи инвалидска количка од 2011 година. Во април, еден ден откако присуствуваше на погребот на сопругата, тој беше примен во болница каде беше третиран за инфекци на крвта.

Барак Обама во 2011 година му додели Медал на слободата

Буш беше одликуван воен пилот кој бил соборен во Пацификот во 1944 година, и беше последниот од неговата генерација кој успеал да стигне до Белата куќа. Неговата политичка кариера траеше повеќе од 40 години.

Од Буш со пораки се простија и поранешните претседатели Барак Обама и Бил Клинтон, и сегашниот американски претседател, Доналд Трамп.

Текстот Почина поранешниот американски претседател Џорџ Х. Буш е превземен од Reporter.mk.