Почина првиот дечко на Џенифер Лопез

Дејвид Круз, првиот дечко на Џенифер Лопез, почина на 51 година од болест на срцето, пишуваат американските медиуми. Дејвид и Џенифер ја почнале врската во 1984 година, уште додека оделе во средно училиште и имале 15 години. Нивната љубов траела 10 години.

Но, пејачката дури и многу години по нивното раскинување неколкупати раскажуваше за нивната љубов и имаше само убави зборови за него. Во едно нејзино интервју од 2004 година, таа го нарече Круз свој пријател.

„Тој веројатно ме познава подобро од било кој“, рече тогаш Лопез.

 

 

Текстот Почина првиот дечко на Џенифер Лопез е превземен од Reporter.mk.