Почина раперот Џус Врлд

Утрово во Чикаго почина раперот Џус Врлд (Juice Wrld). Музичарот, кој неодамна стана познат во светот, починал ненадејно, на 21 година. Според очевидците, тој слетал рано утрово на аеродромот во Чикаго, по што му се слошило и почнал да крвари низ устата. Раперот се онесвестил, па неговите соработници се обиделе да го освестат. Кога пристигнала екипата на итната помош уште покажувал знаци на живот, но кратко потоа бил прогласен за мртов. Причината за смртта ќе биде позната по обдукцијата.

Џус изминатиов период имаше неколку хитови, а најголемиот беше песната Lucid Dreams со која се искачи на второто место на светските топ-листи.

Текстот Почина раперот Џус Врлд е превземен од Reporter.mk.