Почина шампионот на Шутка, скопската легенда Алфонсо

Почина познатата скопската легенда и актер Рефет, меѓу народот познат како Алфонсо. Секогаш облечен препознатливиот во бел костум, тој редовно беше присутен во скопските кафулиња, каде што сакаше да пие капучино, се поздравуваше со познаниците и пријателите, а често одеше и во скопските дискотеки.

Алфонсо беше познат и по улогите во филмот „Шампионите од Шутка“, но глумеше и во „Дом за бесење“ и „Црна мачка бел мачор“ на познатиот продуцент и режисер Емир Кустурица.

Текстот Почина шампионот на Шутка, скопската легенда Алфонсо е превземен од Reporter.mk.