Џени изјавила дека нејзината мајка починала во неделата. Биби Андерсон глумела во бројните класици на Бергман, меѓу кои се и „Седмиот печат“, „Диви јагоди“ и „Персона“.
Соработката со Бергман почнала кога имала 15 години, во реклама за една марка на шведски сапун. Добила бројни награди, а во 1963 година на „Берлинскиот фестивал“ добила Сребрен медал за најдобра актерка.
Актерката глумела до 2009 година, кога доживеала мозочен удар и останала делумно парализирана. Нејзината ќерка изјавила дека смртта на Биби Андерсон оставила огромна празнина во сите оние кои имале привилегија да живеат покрај неа.
Медиумите, но и самиот Бергман, често за актерките во неговите филмови велел дека се негови, а Биби Андерсон во една приgoda на таквото прашање одговорила дека не припаѓа на никого, освен на себеси.
Текстот Почина шведската актерка Биби Андерсон е превземен од Reporter.mk.