Почина шведската актерка Биби Андерсон

Шведската актерка Биби Андерсон, една од музите на прочуениот режисер Ингмар Бергман, почина на 84-годишна возраст. Веста за смртта на Андерсон ја објавила нејзината ќерка Џени Гред Далстранд.

Џени изјавила дека нејзината мајка починала во неделата. Биби Андерсон глумела во бројните класици на Бергман, меѓу кои се и „Седмиот печат“, „Диви јагоди“ и „Персона“.

Соработката со Бергман почнала кога имала 15 години, во реклама за една марка на шведски сапун. Добила бројни награди, а во 1963 година на „Берлинскиот фестивал“ добила Сребрен медал за најдобра актерка.

Актерката глумела  до 2009 година, кога доживеала мозочен удар и останала делумно парализирана. Нејзината ќерка изјавила дека смртта на Биби Андерсон оставила огромна празнина во сите оние кои имале привилегија да живеат покрај неа.

Медиумите, но и самиот Бергман, често за актерките во неговите филмови велел дека се негови, а Биби Андерсон во една приgoda на таквото прашање одговорила дека не припаѓа на никого, освен на себеси.

Текстот Почина шведската актерка Биби Андерсон е превземен од Reporter.mk.