Почина Синан Сакиќ

Пејачот Синан Сакиќ починал рано утринава во Белград по долгата борба со тешка болест. На легендарниот пејач минатата година му биле вградени стентови во жолчните канали, но лекарите по редовните прегледи утврдиле дека тоа не е трајно решние и дека ќе мора да му трансплатираат црн дроб.

Пред неколку дена Сакиќ требало да биде префрлен во Падова, каде што требало да му биде извршена трансплатацијата. За жал, битката со тешката болест познатиот пејач ја изгубил.

Синан Сакиќ е роден на 13 октомври 1956 година во Лозница.

Кариерата ја почнал со песната „Се сретнавме многу доцна“ и „Разделба крај реката“, во 1978 година. До 2017 година Синан издал 29 музички албуми.