Почина скопската легенда Жабарот

Почина скопската урбана легенда Илија Саздов, но за скопјани познат како Жабарот.

Тој беше сопственик на гостилницата „Кај Жабарот“ на кејот на Вардар. Култното кафеанче во Скопје, она на Жабарот, беше главното свртилиште не само на познатите личности од сите сфери од јавниот живот туку и на обичните скопјани, кои не само што седнуваа тука на добра скара туку и од ќеф или на чашка скопски муабет. Кај Жабарот доѓаа македонските политичари, но и луѓе од дипломатскиот кор.