Почна снимањето на македонскиот филм „Вера“

Денес почна снимањето на краткометражниот игран филм „Вера“ во режија на Верица Недеска. Таа е и сценарист на филмот, а ќе има и споредна улога во филмот.

„Во филмот се раскажува за младата девојка Ника, која се наоѓа пред голема дилема: Дали да го роди бебето што го носи или не? Да даде или да земе живот. Тој ден ја среќава и заборавената актерка Вера, која сака да умре. Приказната на филмот отвора едно силно морално прашање за еутаназијата како и прашањето за преземање на одговорноста како индивидуа“, стои во соопштението на филмот.

Главните улоги ги толкуваат Сабина Ајрула и Симона Димковска, а во останатите улоги ќе настапат Александар Степанулески, Јовица Михајловски, Јасмина Василева, Ристо Стефановски и Верица Недеска.

Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и е копродукција меѓу „Стори скоп“, „Фокус покус филмс“ и филмската академија ФИОФА од Охрид.

Текстот Почна снимањето на македонскиот филм „Вера“ е превземен од Reporter.mk.