Почнува реставрацијата на гробот на Тоше

Вчера општината Крушево почна со изработка на проект според кој за кратко време ќе почне да се врши реставрација на гробот на Тоше Проески на Гумење. Според соопштението на крушевскиот градоначалник Томе Христоски, Владата донела одлука да се одобрат и да се префрлат средства од Министерството за култура на сметката на Oпштината Крушево.

„Владата на последната седница донесе одлука и програма за доделување средства за изградба на спомен-обележје, достоен вечен дом на нашата музичка поп-икона, сограѓанин и другар Тоше Проески“, стои во соопштението.

Реставрацијата на гробното место на Тоше преку фејсбук-статус ја најави премиерот Заев уште лани во ноември. Тој напиша дека за таа намена се обезбедени 150 000 евра. И обожавателите на Тоше од целиот регионот од надлежните бараа да се направи гробот, а Тоше да добие достојно почивалиште. Многупати реагираа дека е срамота Тоше да почива во гроб што го покрива теписон со вештачка трева, а кој е заграден со пластичен плексиглас.

Текстот Почнува реставрацијата на гробот на Тоше е превземен од Reporter.mk.