Погребот на Арета Френклин ќе биде затворен за фановите

Погребот на кралицата на соул музиката, Арета Френклин, ќе се одржи на 31 август во нејзиниот роден град Детроит, соопшти публицистката на починатата пејачка, Гвендолин Квин. Таа за американските медиуми изјави дека на погребот ќе присуствуваат само членови на семејството и пријатели на пејачката, но дека тој ќе биде затворен за јавноста, па нејзините фанови нема да може да присуствуваат на последното испраќање.

Френклин ќе биде погребана покрај нејзиниот татко, сестри и брат.

Славната пејачка почина на 76-годишна возраст во својот дом во Детроит од рак на панкреас.

Текстот Погребот на Арета Френклин ќе биде затворен за фановите е превземен од Reporter.mk.