Полицијата му ја зеде возачката на Бекам

Поранашниот фудбалер Дејвид Бекам остана без возачка дозвола. Полицијата го запрела Бекам оти зборувал на мобилниот телефон додека возел. Бидејќи фудбалерот веќе имал казнени поени заради брзо возење, судот решил да го казни и да му ја одземе возачката дозвола на шест месеци.

„Судот во јужен Лондон го казни Бекам со шест поени поради прекршувањето што го направи ани во Лондон. Тој мора да ја предаде возачката дозвола до крајот на неделата“, пренесе „Си-ен-ен“.

Освен што ќе остане без дозвола, Бекам ќе треба да плати и казна од 750 фунти.

Текстот Полицијата му ја зеде возачката на Бекам е превземен од Reporter.mk.