Политико се смири со жена му, љубовта посилна од ножевите со кои се колеа

Новинарот Саше Политико се смири со сопругата Марина со која што лани во нивниот дом физички се пресметаа. Двојката се раздели откако Саше се пожали дека таа го нападнала со нож, а подоцна го пријавила во полиција.

Неколку месеци по немилиот настан тие објавија заедничка фотографија, за која напишаа „повторно заедно, сепак љубовта излезе посилна од сите ножеви на светот“.

По објавата нивните пријатели им честитаа, а двојката од синот има и син. За потсетување лани по физичката пресметка на Саше и Марина, таа заврши во клиниката за трауматологија и ортопедија, каде била задржана неколку часа заради испитување.

Саше пак јавно се жалеше дека причината за кавгата била нејзината постојана љубомора.

 

Текстот Политико се смири со жена му, љубовта посилна од ножевите со кои се колеа е превземен од Reporter.mk.