Полубратот на Меган го обвини принцот Хари за распад на семејството Маркл

Полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Јуниор, го обвини нејзиниот сопруг, принцот Хари, за распаѓањето на неговото семејство. Томас го обвини Хари дека е одговорен за тоа што Меган се откажала од своето семејство.

„Тоа не е онаа Меган на која јас се сеќавам. Меган која јас ја знам е грижлива кон другите. Тоа ѝ беше многу важно“, вели Томас Јуниор.

Полубратот на војвотката е огорчен од односот на кралското семејство, кое не е ништо подобро и кон семејството на Кејт Мидлтон. Томас го спомна и вујкото на Кејт, Гери, кој имал пријава за напад.

„Во кралското семејство беа примени аутсајдери и пред нас. Еве на пример, Мидлтон семејството. Не гледам зошто односот кон нашето семејство би бил поинаков“, вели Томас.

Дека семејството Маркл нема влакна на јазикот кога е во прашање војвотката од Сасекс, е одамна познато. Нивните јавни преписки веќе со месеци ја забавуваат јавноста, а во навредите на сметка на поранешната американска актерка Меган Маркл секако предност имаат нејзиниот татко Томас и полусестрата Сузан.

„Меган се промени по славата што ја доживеа во Холивуд. Можеби сега мисли дека е подобра од другите. Принцот Хари само ја доуништи нашата врска“, вели Томас Јуниор, реферирајќи на серијата Suits, со која Меган се прослави во 2011 година.

Текстот Полубратот на Меган го обвини принцот Хари за распад на семејството Маркл е превземен од Reporter.mk.