Поради хакери, Дуа Липа порано ќе го промовира албумот

Откако на интернет се појавија неколку песни и демоснимки од албумот Future Nostalgia на Дуа Липа, пејачката реши да го издаде порано од предвидениот датум. Таа се надева дека на овој начин ќе го спречи ширењето и споделувањето на нелегалните снимки. Наместо на 3 април, албумот ќе се појави на 27 март, односно овој петок.

Пејачката преку Инстаграм порача дека се надева дека нејзината музика ќе им помогне на луѓето да се развеселат додека се изолирани во своите домови.

Инаку, Дуа Лупа ги одложила сите закажани настапи и турнејата поради пандемијата на коронавирусот.

Текстот Поради хакери, Дуа Липа порано ќе го промовира албумот е превземен од Reporter.mk.