Поранешна мис на Тајланд загина заедно со претседателот на Лестер

Во трагедијата која му се случи на Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица, меѓу нив беше и претседателот на клубот.

Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште четири лица.

Денес во соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентиети, а една од нив Нурсара Скунами која е поранешна мис на Тајланд. Таа била прогласена за најубава жена во Тајланд во 2005 година, а била дел од семејството на сопственикот на Лестер.

Нурсари беше активна на друштвените мрежи, а често објавуваше и фотографии од натпреварите на англискиот клуб.

Текстот Поранешна мис на Тајланд загина заедно со претседателот на Лестер е превземен од Reporter.mk.