Поранешната на Кличко го обвини новиот дечко дека ја истепал

Американската актерка Хајден Панетиери, позната по улогата во серијата „Нешвил“ и поранешна девојка на украинскиот боксер Владимир Кличко, го обвини својот дечко Брајан Хикерсон, за семејно насилство.

Брајан пред неколку дена бил приведен во полицијата во Лос Анџелес. Американските медиуми пишуваат дека двојката се забавувала во својот дом во Холивуд, а по неколку испиени чашки алкохол, двајцата влегле во бурна расправија, која на крајот завршила со физичка пресметка.

По приведувањето, полицијата почнала постапка против него. Брајан е пуштен на слобода со кауција од 55.000 долари.

„Не сме изненадени од она што се случило. Од почетокот знаевме дека Брајан е слаб со нервите. Ја предупредивме Хајден, но таа не сакаше да не слуша. Брајан ја удрил неколку пати. По инцидентот таа го напушти домот и сега се наоѓа на друга локација“, изјавил извор близок до Хајден за американските медиуми.

Хајден во ноември минатата година го пријавила своето момче во полиција, а службите ја нашле во хистерична состојба. Подоцна во полициските извештаи било објавено дека Брајан се расправал со својот татко Дејвид, а на крајот двајцата и физички се пресметале. Брајан го бркал татко му низ дворот, со шише алкохол во рацете.

Хајден им отворила на полицајците кои веднаш го привеле Брајан. Глумицата со Кличко ја има ќерата четиригодишната ќерка Кеј Евдокиј.

Текстот Поранешната на Кличко го обвини новиот дечко дека ја истепал е превземен од Reporter.mk.