Поранешната жена на Џони Деп си фати девојка

Поранешната жена на Џони Деп, актерката Амбер Херд, има нова девојка. Таа е во врска со Бјанка Бјути, која е позната во филмската индустрија, пренесува американскиот магазин „Ти-ем-зи“. Таа неодамна е фотографирана како се бакнува со Бјанка, која работи како директор на фотографија.

Новата девојка на Амбер пред четири години го победи ракот на дојка, но според американските медиуми, болеста ѝ се вратила лани. Претходниот пат кога се бореше со ракот, Кијану Ривс организираше кампања за собирање финансиски средства за нејзино лекување.

Инаку, Херд досега неколку пати изјавила дека ја привлекуваат и мажи и жени. По бракот со Џони Деп, Херд беше во врска со милијардерот Елон Маск, а пред да се омажи за Деп имаше четиригодишна врска со Тас Ван Ри.

Бјанка Бјути

Текстот Поранешната жена на Џони Деп си фати девојка е превземен од Reporter.mk.