Прабабата на Хурем султан била од Хрватска

Турската глумица Мерјем Узерли, најпозната по улогата на Хурем од серијата „Величенствениот“ е на летување во Дубровник. Таа на инстаграм објави слика од летувањето и напиша дека нејзината прабаба е по потекло од Хрватска. „Дали знаевте дека мојата прабаба е од тука? Ја сакам Хрватска“, напиша 34-годишната Мерјем.

Нејзините следбеници на Инстаграм ѝ оставија бројни коментари, а еден од нив го проучил и нејзиното цело потекло: „Значи ти си 25 отсто Хрватка, 25 отсто Германка и 50 проценти Турчинка“, напишал тој, оти мајка ѝ е потекло од Германија, а татко ѝ е Турчин.