Принцезата на Данска танцуваше во патики со децата во Кенија

Принцезата Мери од Данска деновиве е во посета на Кенија, Африка. Таа освен што имаше работни обврски, времето го искористи и за забава, па танцуваше со децата од Кенија. Таа носеше едноставна гардероба и патики на нозете, по што социјалните медиуми уште еднаш ја нарекоа „најголемата и најскромна принцеза во Европа“.

Принцезата Мери е позната по тоа што сака да живее нормален живот, па често со велосипед ги вози децата на училиште, дури и кога врне снег, а знае да искомбинира и патики со елегантен фустан.

Данската принцеза со велосипед ги носи децата во градинка

Текстот Принцезата на Данска танцуваше во патики со децата во Кенија е превземен од Reporter.mk.