Принцезата Шарлот има 3 години а веќе заработува 3,8 милијарди фунти

Принцезата Шарлот го привлекува вниманието каде и да се појави. Досега повеќе пати покажала дека сериозно ја сваќа улогата во кралското семејство и гордо знае да позира пред фоторепортерите.

Во текот на неодамнешното крштевање на братот Луиј, малата Шарлот повторно го украде шоуто, а девојчето кое има само три години, веќе заработува милијарди фунти.

Второто дете на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, вреди повеќе од своите браќа. Како што пренесува британски „Сан“, принцезата Шарлот заработува 3,8 милијарди фунти.

Според податоците на „Reader’s Digest“, нејзиниот постар брат принцот Џорџ вреди една милијарда помалку од Шарлот и тој наводно заработува 2,7 милијарди фунти.

Најмладото дете на Вилијам и Кејт, принцот Луи, кој е роден во април, заостанува зад братот и сестрата по заработка, но се предвидува дека до својот прв роденден, на британската економија ќе и донесе дури 50 милиони фунти.

Овие пресметки се засновани на вредноста која кралските наследници им ја носат на британската економија.

И баш како „Меган Маркл ефектот“, модата на принцезата Шарлот е причината поради која таа вреди повеќе од своите браќа.

Како што е случај и со нејзината мајка Кејт Мидлтон и тетката Пипо Мидлтон, се што малата принцеза ќе облече, носи успех во продажбата. Родителите се трудат стилот на принцезата да им го пренесат на своите деца.

Така војвотката од Кембриџ често ги облекува своите наследници во облеча од улични брендови, како што е „Џон левис“, нешто што доведува до голема продажба.

Добар пример за овоа е жолтиот џемпер кој принцезата Шарлот го носела за време на вториот роденден, кога се сликала за официјалниот портрет.

Ова парче облека е распродадено во рок од 24 часа, откако е објавена фотографијата на принцезата.

Во анкетата на британски Телеграф, секој пети родител изјавил дека малата принцеза ја смета за модна икона на своите деца.

„Кралските деца имаат позитивно влијание на продажбата на одредени брендови на облека кои ги носат или играчките со кои си играат. Во таа смисла, тие имаат многу сличен ефект на брендовите како и нивната мајка, војвотката од Кембриџ. Се што ќе допре претвора во злато“, изјавил Дејвид Хејг, извршниот директор на еден бренд.

Децата исто така ја играат улогата во приходот од туризмот кои го генерира монархијата.

„Многу туристи кои ќе дојдат во Лондон, се надеваат дека ќе ги видат Џорџ и Шарлот на балконот на Бакингемската палата заедно со родителите“, додал Хејг.

„Иако сеуште оди во градинка, Шарлот е сила на која треба да се смета“, заклучува британски „Сан“.

 

 

 

Текстот Принцезата Шарлот има 3 години а веќе заработува 3,8 милијарди фунти е превземен од Reporter.mk.