Принцот Филип ја изневерувал кралицата Елизабета

Во книгата „Бракот на кралицата” поранешната ѕвезда од реалните шоуа лејди Колин, пишува дека принцот Филип со години ја изневерувал кралицата Елизабета. Таа напишала дека Елизабета уживала во сексот, а дека останала невина до првата брачна ноќ. Во книгата на 320 страници таа го опишува односот на кралскиот пар и открива детали за кои тврди дека се проверени и вистинити.

„Филип бил голем заводник, секогаш јавно флертувал со жените. Не познавам ниту една убава девојка која не била во негово друштно, а да не кокетирал со неа. Тоа го искусив од прва рака“, рекла лејди Колин, додавајќи дека на кралицата тоа воопшто не ѝ пречело.

Таа вели и дека сите приказните во книгата се проверени и вистински, а дека информациите ги добила од блиски луѓе на кралското семејство.

Книгата „Бракот на кралицата“ доби многу негативни коментари од британската јавност.