Принцот Филип заврши во болница

Сопругот на британската кралица Елизабета II, принцот Филип завршил во болница, пишуваат британските медиуми. Од Бакингемската палата соопштиле дека принцот бил примен во болница во Лондон, поради мерки на претпазливост.

Во соопштението е наведено дека 98 годишниот сопруг на кралицата е во болницата „Крал Едвард VII“, заради набљудување и лекување на неговата постојана состојба, пренесува „Асошиетед прес“.

Филип претходно бил на имотот на кралското семејство во источна Англија.

 

Текстот Принцот Филип заврши во болница е превземен од Reporter.mk.