Принцот Хари му пркоси на Путин

Британскиот принц Хари почна да му пркоси на рускиот претседател Путин, откако ќе учествува во воена мисија заедно со уште 1000 елитни командоси во Норвешка.

Вежбата има за цел да ги усоврши контранападите на Русија во случај на инвазија од истокот. Во прашање е најголемата вежба на британската армија која ќе биде одржана на Арктикот во последните 20 години.

Ваквите вежби се случуваат во период кога тензиите и односите меѓу западните земји и Русија се на најлошо ниво по завршувањето на Студената војна. Принцот Хари го заменил војводата од Единбург како цереморијален командант на кралските маринци.

Хари завршил воена академија во Сендхерст и има чин на капетан. Внукот на кралицата Елизабета знае да пилотира со воен хеликоптер, а има отслужено и две смени на фронтот во Авганистан, каде учествувал во борбените мисии против талибанците.

Целта на вежбите на Арктикот е да се покаже единствно и одлучност кон Владимир Путин, претседателот на Русија, кого западните земји го обвинуваат дека е виновен за анексијата на Крим и за поддршката на проруските сили на истокот на Украина.

Интересно е дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, американската актерка, го очекуваат своето прво дете на средината на април. Во моментов не се знае дали и Меган ќе отпатува во Норвешка.

„Принцот ќе учествува на вежбите во рамки на официјалната посета на Норвешка. Тој ќе ги поддржи трупите, но не е предвидено да биде во униформа. Во прашање се нашите главни сили чија задача е да ја заштитат Европа во случај на руска инвазија“, изјавил извор близок до армијата кој сакал да остане анонимен.

Принцот наводно им се пофалил на пријателите дека со нетрпение чека да се врати меѓу војниците и повторно да биде со нив во акција. За потсетување, принцот Хари е повлечен од Авганистан, откако Талибанците открија дека тој е меѓу британските војници ѝ за неговата глава понудија 30.000 евра.

Текстот Принцот Хари му пркоси на Путин е превземен од Reporter.mk.