Проштална турнеја на „Кис“

Рок групата „Кис“ соопшти дека на 31 јануари наредната година тргнува на својата последна турнеја. Бендот постои веќе 45 години. Турнејата е насловена End of the Road (Крајот на патот) и ќе почне со настап во Ванкувер на 31 јануари 2019 година.

Членовите на „Кис“ се препознатливи по својата специфична мрачна црно-бела шминка која постојано ја носат во јавност. Особено се познати нивните хитови од 1970-тите, како што се I was made for loving you и Rock and Roll All Night. Досега имаат продадено над 100 милиони копии од своите албуми

Текстот Проштална турнеја на „Кис“ е превземен од Reporter.mk.