Првата фотографија на Анџелина Џоли од Maleficent 2

Актерката Анџелина Џоли повторно ги стави прочуените рогови за да игра во популарниот филм Maleficent 2. Првиот дел од овој филм е снимен во 2014 година и заработил 758 милиони долари ширум светот.

На Анџелина ` се придружија и Ел Фанинг и Мишел Фајфер. Мишел ќе ја игра кралицата во филмот, додека Ел Фанинг ќе го репризира ликот од Заспаната убавица од првиот дел.

Чуетел Еџиофор, Ед Скрејн, Харис Дикинсон исто така ќе се приклучат на филмот. Вториот дел на филмо, продолжува неколку години по случувањата од првиот дел на филмот.