Првпат абортирав на 17 години, Пинк раскажа за несаканата бременост

Поп-пејачката Пинк во интервју за USA Today раскажа дека првпат абортирала на 17 години, а потоа имала уште неколку абортуси пред да роди две деца. Таа сега има 7-годишна ќерка и 2-годишен син. Во интервјуто Пинк открива дека сакала да го задржи бебето, но не успеала.

„Поради тој абортус, јас го замразев моето тело. Мислев дека е скршено и не функционира добро. Зошто ми се случуваше тоа и зошто сега? Потоа доживеав неколку спонтани абортуси, што ме натера да почнам со терапија“, признала пејачката.

Благодарение на нејзините познаjници, кои ја убедиле да посети психолог, таа успеала да закрепне. Вели дека успеала со хумор да се справи со тешката ситуација. За време на терапијата Пинк го запознала својот сопруг Кери Харт. Тие ја почнале врската во 2002 година, а се венчале четири години подоцна.

 

Текстот Првпат абортирав на 17 години, Пинк раскажа за несаканата бременост е превземен од Reporter.mk.