Радио станици во Канада повеќе не ги пуштаат хитовите на Мајкл Џексон

Откако во јавноста беше објавен документарецот за Мајкл Џексон „Leaving Neverland“, во кој беа обелоденети приказните на Џејмс Сејфчак и Вејд Робсон, момчињата кои го обвинија кралот на музиката за сексуално злоставување, некои радио станици низ светот решиле да ја бојкотираат неговата музика, пишува CNN.

Во Канада три радио станици прекинале да ги пуштат хитовите на Мајкл Џексон, а нивните челници велат дека на таков чекор се решиле поради желбата на слушателите.

„Не одлучуваме ние за тоа дали Мајкл Џексон е виновен за педофилија или не. Само внимаваме нашите слушатели да ја слушаат онаа музика која навистина сакаат да ја слушаат“, изјавил Леон Врат од MediaWorks групата.

Освен Канада, музиката на Мајкл Џексон решиле да ја бојкотираат и неколку радио станици во Нов Зеланд. Од таму велат дека прекинале да ги пуштаат хитовите Billie Jean, Beat it, Thriller и други.

Иако наводното злоставување на Мајкл Џексон над малолетните деца е во центарот на внимание во светската јавност, многумина не веруваат дека кралот на поп-музиката го направил тоа за кое што многумина го обвинуваат.

Има и такви кои ја поддржуваат жртвата. Дел од неговите обожаватели го бранат по социјалните мрежи. Пранешната помошничка на Џексон Адриан Мекманус, која со години работела на ранчот „Неверленд“, неодамна проговорила за животот на популарниот пејач и неговите навики.

„Мајкл Џексон беше предатор-педофил кој злоставуваше над десетина деца. Ги снимаше средбите со нив, а видео снимките ги чуваше во тајна книжарница сокриена на неговиот ранч“, изјавила Мекманус.

 

 

Текстот Радио станици во Канада повеќе не ги пуштаат хитовите на Мајкл Џексон е превземен од Reporter.mk.