Раперката Карди Би стана мајка

25-годишната раперка Карди Би стана мајка. Таа пред два дена  се  пофали на „Инстаграм“ дека родила ќерка, која ќе се вика Калчр.

Девојчето е прво дете на популарната раперка и на нејзиниот маж Офсет. Двојката се венча тајно пред неколку месеци и долго време ја криеја веста за свадбата од јавноста.

 

Карди Би се прослави пред повеќе од една година кога почна да им гостува на песните на некои од најпознатите американски музичари. Медиумите ја нарекуваат „женскиот Питбул“ поради бројните музички соработки. Последната е со Марун 5 за песната Girls Like You.