Рита Ора e прва жена на насловната страница на арапскиот „Esquire“

Арапското издание на „Esquire“ првпат стави жена на својата насловна страна и изборот беше  Рита Ора.

Светски познатата пејачка, сними  фото-сесија пред објективот на Сајмон Диселтон, откривајќи го голиот грб и малку провокативното деколте.

27-годишната ѕвезда промени неколку возбудливи визии создадени од стилистот Карен Кларксон. Меѓу нив е драматичниот црн фустан од „Ив Сен Лоран“.

Во интервјуто за изданието, Рита Ора го коментираше објавувањето на новиот албум по шестгодишна пауза.

„Се чувствувам како дебитантка. Не бев сосема сигурна каде ми е местото, откако мина толку време откако сум пуштила музика. Но овој пат сé ќе биде различно. Се обидувам да го модернизирам начинот на кој се прави музика овие денови. Бидејќи со постојаната употреба на онлајн стриминг, сите правила паѓаат“, изјави Ора.

Текстот Рита Ора e прва жена на насловната страница на арапскиот „Esquire“ е превземен од Reporter.mk.