Рита Ора ќе пее во чест на Авичи на доделување на MTV наградите

Пејачката Рита Ора ќе пее на годинашното доделување на МТV наградите, во чест на нејзиниот колега и драг пријател Авичи.

Рита била погодена од смртта на Авичи и сакала да направи нешто посебно за да го прослави него, вели пријателот на пејачката за британски „Сан“.

Рита Ора (27) ќе му оддаде почит на својот покоен колега и пријател Диџеј Авичи, пеејќи го неговиот последен сингл Lonely Together на доделувањето на MTV наградите на 20 август.

Станува збор за песна која шведскиот музичар ја објави минатата година, а на која гостуваше и Рита. Организаторите се селтиле дека би било соодветно да се потсетат на работата на Авичи, на доделувањето на музичките награди кои ќе се одржат четири месеци од неговата смрт.

Свеченоста ќе се случи во њујоршката Радио Сити Музичка Сала.

„Зборуваше за Авичи за време на своите концерти додека ја изведуваше неговата песна. Многу се израдува кога организаторите ја замолија дали сака да пее во негова чест на церемонијата“, вели пријател на Рита.

„Деталите од настапот се држат во тајност“, додал тој.

Песната Lonely Together е номинирана за МTV награда во категориите за танчерско видео и визуелни ефекти.

 

 

Текстот Рита Ора ќе пее во чест на Авичи на доделување на MTV наградите е превземен од Reporter.mk.